Прикажување 11–20 од 23 резултати

Попуст!

Поколението на Сизиф

199 ден 179 ден

Издавач : Култура
Година : 2014
Формат : мека
Страници : 321


Најновиот ракопис на современиот македонски романсиер Владимир Попов каде самото дејствието е поставено во едно тешко и трауматично време од почетокот на минатиот век се до почетокот на педесетите години. Од речиси реалистичка појдовна основа се гради дејствието симболички кажано во градбата на главниот јунак Никифор, кој е сведок и учесник во трагиката на настаните и токму преку тој лик авторот успева вешто да ја слика тегобната низа на историскиот мрак кој се надвива над ова парче земја наречена Македонија.

Попуст!

Петтото годишно време

350 ден 315 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : тврда
Страници : 152


Замислете го сиот сопствен чувствен свет, обоен во Вашите измислени бои, намирисан со Вашите најскриени мириси, засекогаш зачуван од уништување, конзервиран до таа мера што станал отпорен на секое време и на секој простор. Замислете една пеперутка како лета над него. Во простиот лет на пеперутката, Вашето се одлетува кон бескрајот, ја надлетува Земјата, го надминува небото, и стиго до небото на Вселената и таму живее секогаш сегашно време. Во вечната сегашност, далеку од просторните ориентири кои ги познава човештвото, се случува Петтото годишно време. Само ваше, измислено за вас. Петтото годишно време го нарекувам мигот во кој сите именки што ја определуваат љубовта стануваат едно. Оваа книга е напишана за таквите мигови.

Попуст!
Нема на залиха

Ниска латентна револуција

150 ден 135 ден

Издавач : Култура
Година : 2010
Формат : мека
Страници : 93


„Ниска латентна револуција” е прв роман од младиот режисер Фросина Наумовска. Главната тема на романот е семејно насилство и како да се справи човекот со него, кога личноста што го врши семејното насилство е многу влијателна и авторитативна.

Во книгата е опишана судбина на човек на маргините на општеството, сурово искасан од челуста на моќта, отфрлен и направен невидлив, без никаква шанса да си го пронајде своето место. Идејата е како да се снајде младиот човек без перспектива во лавиринтот од лажни авторитети, вредности и “норми”.

Нема на залиха
Попуст!

Нигдина

130 ден 117 ден

Издавач : Култура
Година : 2003
Формат : мека
Страници : 313


Прекрасен роман за човечки судбини во виорот на најновите настани на овие балкански простори. Приказната во “Нигдина” на авторката Светлана Велмар – Јанковиќ се базира делумно на писмената кореспонденсција помеѓу братот Вељо од Америка и сестрата Марија од Белград, во 1999, годината кога НАТОја бобмардираше Југославија. “Нигдина” е еден вид семејна сага која Велмар – Јанковиќ ја започнува со романот “Лагум” (објавен во 1990 година), приказна за старо белградско интелектуално семејство од онаа предвоена, од пред Втората светска војна, Југославија.

Попуст!

Мажи

250 ден 225 ден

Издавач : Култура
Година : 2012
Формат : мека
Страници : 385


Бела е тајно мажена за Стиви пред многу години. Биле студенти и се преправале дека се возрасни. Кога реалноста чукнала на врата, Бела едноставно заминала.
Многу години подоцна таа го запознала Филип и наспроти нејзиното ветување дека нема повеќе да се мажи, не може да му оделее Тој е добра можност. Духовит, шармантен, интересен и нежен. Единствен проблем е што и понатаму официјлно е мажена за Стиви, а никако да најде вистински момент тоа да му го соопшти на Филип.
Поради тоа Бела планира никогаш да не ја открие својата тајна, затоа што тоа секако е само глупав лист хартија, заведен кај матичар, нели? А Стиви не го видела со години и веројатно повеќе никогаш нема да го сретне…

Попуст!

Дневникот на хулиганот

350 ден 315 ден

Издавач : Култура
Година : 2014
Формат : тврда
Страници : 198


Среќата се заслужува, како и љубовта. И потоа се враќаат: секоја љубов и секоја среќа се враќа назад – во добрината или во злото, во некој нареден љубовник, во некој следен свет кој треба да се гради, а не можеш да го градиш светот од ништо. Кога почнуваш една приказна, во неа влегуваш со сите свои приказни, со добрите и лошите мигови од тие приказни, со сето она кое те направило или не те направило човек. Луѓето се, сепак, производи во настанување сиот свој живот.

Попуст!

Скинат ѓердан

300 ден 270 ден

Издавач : Култура
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 310


На семејната прослава на дваесет и петтата годишнина од бракот Стојан на сопругата Злата и подарува ѓердан од охридски бисери.

Среќата и хармонијата во семејството траат до оној момент кога Злата пред вратата од станот на 1-ви јануари наоѓа машко бебе оставено во кошница, го внесува бебето внатре и го буди мажот. Од глетката на Стојан му се слошува. Последните негови зборови што и ги упатува на Злата во болницата се дека бебето е негов син.

Стојан умира. Злата се онесвестува. Кога се враќа дома од болницата застанува пред огледалото и го гледа ѓерданот. Во еден момент го повлекува со раката, тој се кине, а бисерите се разлетуваат по собата.

Од тој момент започнува нејзината вистинска борба за своите четири ќерки и за синот на нејзиниот маж. Вистината за Ангел вешто ја крие од ќерките иако во меѓувреме го посвојува.

Секоја од ќерките оди по својот пат…

Но ништо не останува скриено. Кога Ангел се разболува од леукемија една од неговите полусестри донира коскена срцевина и му го спасува животот. Тогаш се излегува на виделина…

СКИНАТ ЃЕРДАН е блескав роман со емотивно силен поглед
на црно-белите патеки во животот на ликовите.

Попуст!

Невработена

390 ден 351 ден

Издавач : Култура
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 252


Остар, нежен и смешен, овој брилијантен роман кој е деби на Лиса Овен не е само приказ­на за животот и тоа како главната херо­и­на доаѓа до својата разрешница туку е и ро­ман кој ги поставува прашањата кои ние ни­ко­гаш не сме се осмелиле гласно да ги изговориме.

Клер Фланели ја напушти својата работа со цел да ја најде нејзината вистинска вокација – сето ова би било во ред ако Клер знаеше што бара и каде да бара, но пред сѐ таа требаше да се пронајде себеси.

Додека за сите околу неа се чинише дека нивните животи се под целосна контрола, Клер се најде себеси како тоне под притисокот на проблемите и се прашувате како успеа да не се распадне.

Попуст!

Исчистени души

250 ден 225 ден

Издавач : Култура
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 162


Еден аманет кој под многу чудни, неочекувани околности ќе се оствари. Исполнувањето на аманетот носи нови средби и спомени од минатото, притоа полека чистејќи ги душите на членовите од двете семејства што некогаш биле тесно поврзани. Чистењето на душите од тагата, болката, открива скриена љубов што сѐ уште и после толку многу години се топли на првите искри. Сегашноста исполнета со радост, среќа, љубов, но и со верба, свесно го потиснува минатото подавајќи и рака на иднината.

Роман кој уште од првата страница ќе ве повика на одлично патување. Приказна која се чита во еден здив, но останува вечно запишана во вашата меморија.

Попуст!

Од магла на југ до месечина на север

299 ден 269 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 372


Романот претставува спој на сите светови на авторот, каде искуството од професионалниот ангажман го користи за да креира стил кој е конкретен, концизен и со цел на читателот да му се доловат сите чувства на едноставн начин што ќе го направи неизбежно соживувањето на читателот со приказната и ликовите. Инспириран од историските настани на 20тиот век, како и од вековната човекова борба за остварувањето на своите соништа и идеали, романот ќе го прошета читателот низ многу светли и темни улици и сцени, каде ќе биде прикажана природата на човечкото битие од љубов и топлина до брутални злосторства кои ќе го занемат читателот.