Прикажување на сите 5 резултати

Попуст!

Некои бладања од војната

299 ден 269 ден

Издавач: Култура

Година: 2017

Попуст!

Случки од животот

300 ден 270 ден

Издавач : Култура
Година : 2016
Страници : 76

Попуст!

Пишувајќи ги изгубените топки

200 ден 180 ден

Издавач : Култура
Година : 2013
Стреници : 93

Попуст!

Тука околу нас

220 ден 198 ден

Издавач: Култура
Година: 2011
Формат: мека
Страници: 238


Се случува сето она што го нарекуваме живот, но ние никако не успеваме да влеземе во него, а уште помалку, да ми ја најдеме – смислата. Мора да ги отвориме очите, да ги согледаме вистината, љубовта, алчноста, достоинството, амбицијата, самопочитувањето, мудроста и сите оние суптилни котелци, од кои е исткаено нашето сложено човечко битие.

Попуст!

Втора жена во харемот

350 ден 315 ден

Издавач: Култура
Година : 2013
Формат : мека
Страници : 214


Шармантен каков што го познаваме од концертите, од интервјуата, како (кант)автор и изведувач, словенецот Зоран Предин и како писател на збирка интересни и забавни патописи, анегдотни и рептроспективни записи обединети во неговата прва книга преведена на македонски јазик „Втора жена во харемот“.
Во прозното дело преку забавниот стил Зоран Предин потврдува дека е духовит, сериозен, наивен и мудар, емотивен човек кој настојува да ужива во животот како уметник кој допира до широката публика, притоа успева да им се допадне без додворување, неизневерувајќи го достоинството.

Дваесет и три поглавја не водат низ родителско-туристичко и музичко патување преку Марибор, Љубљана, Загреб, Сараево, Винковци, Битола, Охрид, Ниш, Прилеп, Струга, Лимски канал, Хвар…. до САД, Грузија, Австралија, Ирска, Франција, Чешка, Турска,
Кенија, Шкотска, Велика Британија… Зоран Предин успева искрено и отворено да ја препознае убавината на природата, жената, музиката, обичаите и човечкиот дух, дури и како судија на циркусот наречен Евросонг (Даблин, 1997), чии музички императиви го наведоа да ги напише најогорчените страници на книгата.

Не станува збор за автобиографија, туку станува збор за патописни линии обединеди низ цртички и белешки од случувања наменети за сопствено памтење. Независно дали е убод од оса во левиот тестис или (можната) средба со Елизабета II, Предин за себе и за своите особености, животниот и уметничкиот пат, од она што е креативно создаден, зборува поописно и поимпресивно од многу други автори на дебели биографии за некој музичар или бенд. На дваест и пет страници за „Приказна за Лачни Франц“ успева да го долови моментот на создавање и трасирање на кариерата на овој авагарден југословенски рок состав од осумдесеттите години, преку одлични коментари, забелешки и проценки, напишани од бесценети и единствени позиции на инсајдер и главен автор, кој на емотивен, субјективен и реален начин го претставува заедничкиот дух на еден фронтмен на југословенскиот нов бран кој дебитираше со „Икебана“ во 1981, еден од најдобрите албуми во тоа време.