Прикажување на сите 6 резултати

Попуст!

Стрес

120 ден 108 ден

Издавач: Култура
Година: 2008
Формат: мека
Страници: 83

Попуст!

Тајните на флертот

299 ден 269 ден

Издавач: Култура
Година: 2014
Формат: мека
Страници: 230


 

Попуст!
Нема на залиха

Стресот и ние

390 ден 351 ден

Издавач : Култура
Година: 2014
Формат: мека
Страници: 295


Поимот стрес секогаш и кај секого од нас евоцира емоции или сензации, поврзани со некоја непријатна состојба или случување предизвикуваќи во нас деквилибрум, дисхармонија во нашите емоционални состојби и желбени процеси. Перцепцијата кон околината и луѓето е променета внатре во нас, нашето здравје, нашето bien etre страда; нашата продуктивност и работоспособност е редуцирана, ја немаме потребната животно мотивациска енергија, животна радост, топлината, милоста и љубовта, чувствуваме неудобност и мачнина, која што многупати и не можевме да си ја објасниме и да ја протолкуваме. Чувствуваме физичка, психолошка и социјална дисфункција. Некои личности реагираат смирено, други реагираат бурно, експлозивно. Секој, на свој начин, се справува со непријатната, потоа неудобна, па и болна состојба, од која не се излегува или неможеме да се справиме со неа преку нашите лимитирани сетилни искуства. Оттаму честопати се соочуваме со чувството дека правиме се што знаеме, но нема резултати. Не забележувајќи сосема несвесно, почнуваме да се залажуваме себе си, што дополнително ја загрозува состојбата, дренирајќи ја животната енергија, потребна за правилно соочување и решавање на која било внатрешна дисфункција.

Нема на залиха
Попуст!

Кој е газда во вашата куќа

250 ден 225 ден

Издавач : Култура
Година : 2014
Формат : мека
Страници : 97


Газда веројатно не е зборот со кој сакате да ја опишете позицијата на кој било член од своето семејство. Сепак, тој збор понекогаш најдобро ги опишува реалната ситуација и поделбата на моќта во семејството: дете (иако на родителите им е речиси над колена) има поголема моќ на одлучување од родителите, иако тие се оние кои стануваат наутро, подготвуваат појадок, одат на работа, го земаат од
градинка, со еден збор – водат грижа за тоа дете. Родителите кои имаат мали диктатори во куќата знаат колку ваквата состојба е исцрпувачка. Тие стравуваат од детето бидејќи знаат дека и најмала ситница може да предизвика напад на бес или своеволно однесување.

Родителите од оваа книга ќе дознаат нешто повеќе за:

– врската помеѓу различните родителски стилови и авторитети;

– како се доаѓа до губење на авторитетот;

– чувствата на родителите и децата во типични ситуации кои претставуваат тест за родителскиот авторитет;

– тактики на децата во некои ситуации и методите со кои се служат родителите;

– ефикасни методи кои ќе им помогнат на родителите повторно да го воспостават изгубениот авторитет.

Попуст!
Нема на залиха

Бидете добар родител

250 ден 225 ден

Издавач : Култура
Година : 2014
Формат : мека
Страници : 94


Оваа книга носи мала колекција на игри за семејство и игри кои се однесуваат на семејството. Тие се наменети за возрасните кои поради грижата за децата, парите, работата, државата заборавиле да мислат на себе, да ги наслушнуваат своите чувства и својот внатрешен глас.
Оваа книга ја движат неколку клучни прашања:
1. Како да се избориме со рутинските активности кои не заморуваат, кои непрестајно ни ги наметнува секојдневието?
2. Како да создадеме услови во семејството кои ќе бидат благотворни за семејството?
3. Како да излеземе на крај со лошите чувства и конфликти кои неминовно се јавуваат во семејниот живот?
4. Како да ги препознаеме своите вистински потреби и потребите на своите деца во секојдневниот живот?
5.Како да научиме да разговараме со своите деца такашто навистина ќе се слушаме едни со други – без меѓусебно загрозување и отфрлање?
6. Како семејството да стане место на кое секој член ќе може да добие заштита, инспирација и поддршка?

Нема на залиха
Попуст!

Стапица на среќата

350 ден 315 ден

Наслов: Стапица на среќата: престанете да се борите, почнете да живеете
Издавач : Култура
Година : 2014
Формат : мека
Страници : 340


„Стапица на среќата“ е уникатна и моќна книга за самопомош преведена на повеќе од 22 јазици, што ќе го збогати вашиот живот и ќе го трансформира начинот на кој се справувате со мачните мисли и болните чувства.

Насловот ја рефлектира основата мисла на книгата: популарните идеи за среќата се залажувачки и неточни, а доколку верувате во нив ќе направат да се чувстувате мизерно на долг рок.

„Стапица на среќата“ е базирана на принципот АЦТ, нов револуционерен умствен модел, развиен од истражување во психологијата на однесувањето. Целта на АЦТ е да се максимизира човечкиот потенцијал за побогат и поквалитетен живот, чија ефикасност е  окажана од бројни научни студии.

Да доколку сакате да ја избегнете „стапицата на среќата“, сакате да најдете значење и исполнување во животот, и сакате да почнете вистински да живеете, тогаш оваа книга е наменете токму за вас.