Прикажување 21–30 од 31 резултати

Нема на залиха

Последното љубовно писмо

350 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 265


Новинарката Ели истражува материјал за наредната своја репортажа и се сомнева дека меѓу старите новински натписи ќе најде нешто интересно. Сепак, откривањето на едно писмо од 1960 година во кое еден маж, бара од саканата да го напушти сопругот, таа наеднаш ќе се најде во средина на една мистериозна љубовна врска од минатото, која неизбежно ја потсетува на нејзините љубовни проблеми.

Во 1960 година, Џенифер се буди во болница по доживеаната сообраќајна несреќа и не се сеќава на ништо: на сопругот, на пријателите, па дури и на сопствениот живот. Сепак, кога ќе се врати дома, ќе најде едно скриено писмо и ќе почне да се потсеќа на љубовникот за кого била решена сè да стави на коцка.

Приказните на Ели и Џенифер за страста, прељубата и загубата се испреплетени длабоко во овој роман кој никого не го остава рамнодушен.

Нема на залиха

Во канџите на неверството

400 ден

Издавач : Култура
Година : 2014
Формат : мека
Страници : 360


Интригантна приказна за Ела Стујарт, која макотрпно се труди да постигне совршена рамнотежа помеѓу својата брзо растечка кариера како педијатар, шармантниот сопруг и страстниот љубовник. Роман за шест љубовници, две афери и едно предавство, исполнет со животни случки погодени од љубовта, желбата, страста, копнежот, а над сè чесноста.

Дали Ела ќе успее да излезе од вртлогот на неверството? Дали загубата ќе ја натера да се откаже од единствената љубов во име на бракот? Дали семејните врски ќе преовладуваат над нескротливата страст…

Нема на залиха

Се започна во Монте Карло

299 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 520


Од авторката на „Лето во Тоскана“ и „Да се сретнеме во Венеција“ пристигнува роман што вистински ќе ве освежи ова лето.

Главните протагонисти во „Се започна во Монте Карло“ Сани Алварез и Мек Рејли секогаш успеваат да наидат на проблеми во Јужна Франција. Овој пат, проблемот започнува во Монте Карло. Врската на Сани со Мек е загрозена и Монте Карло повикува.
Наскоро Сани е вовлечена во мрежа на интриги што вклучуваат серија грабежи на златарници. Тогаш се појавува нејзиниот „сакам да ти бидам нов“ пријател, кој е вовлечен во продажба на секс и уцени и за миг излегува дека е социопат. Од друга страна, пак, тука е старата пријателка на Сани, филмската актерка Ели Реј, која поседува лозје во Франција и која доаѓа да ѝ помогне на Сани. Во меѓувреме, додека го средува животот на Сани, се појавува нејзината стара пријателка Пру Хилсон, на која не само што ќе ѝ го промени изгледот туку и ќе ја претвори во аматерски детектив. Ако Сани не успее да ја разреши оваа завера, може да заврши како соучесник во кражба и уцена и како убиец…

Нема на залиха
Нема на залиха

Пловејќи кон Капри

299 ден

Издавач : Култура
Година : 2016
Формат : мека
Страници : 438


Елизабет Адлер Ве поканува на крстарење по декадентниот Медитеран каде ништо не е како што се чини, никој не ја кажува вистината, а наскоро и убиство е на дневниот ред… Неочекуваните пресврти се само почеток на овој неверојатен трилер од Адлер.

Нема на залиха

Љубовникот

350 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 282


Четириесет години подоцна, Ели Хејворт открива писмо во Архивата на новинската куќа и е вовлечена во потрагата по разоткривање на двајца љубовници – Џени-фер Стирлинг и анонимниот г-дин Б. Испишувањето на страниците со случки од мина-тото и од сегашноста Џоџо Мојес го користи за да создаде тензија и претпоставка, не обезбедувајќи одговори сè до самиот крај на романот.
Дали Џоџо Мојес конечно дава одговор на праша-њето: Кој е анонимниот љубовник со потпис „Б“?
Ова е роман што нема да ве остави рамнодушни, одлично напишан, исполнет со неколку драгоцени љу-бовни писма, што може да се најдат во сечиј личен дневник. „Љубовникот“ е повеќе од љубовна приказна, тој е четиво во кое секој ќе се пронајде.

Лето во Тоскана

299 ден

Издавач : Култура
Година : 2013
Формат : мека
Страници : 416


Гема Џерико е лекар која целосно е посветена на работа. Нејзината мајка и ќерка се загрижени поради тоа што таа нема време да се посвети на својот приватен живот.
Веста за мистериозното наследство во Тоскана е доволна причина нејзината мајка да ја натера Гема да појде со неа и да избега од нејзиното секојдневие.
На самиот почеток од патувањето започнува романтична авантура на Гема Џерико и Бен Рафаел испреплетена со љубов, химор и акција.
Овој роман ќе Ви овозможи за миг да се најдете во тесните улички на Рим, да пиете италијанско кафе на познатите шпански скали и карактеристичните мали плоштадчиња на Рим. Елизабет Адлер успева да Ве пренесе со неверојатна брзина во преубавата Тоскана со нејзините прекрасни предели, богатото културно наследство, одличната храна и вонсериските тоскански вина.
Адлер успева наративно да го пренесе мирисот на полињата со лаванда, вкусот на зрелите гроздови, здивот на Италија, и звукот на летниот ветер низ чемпресите.

Љубовникот на куртизаната

420 ден

Издавач: Култура
Дата: 2016
Формат: мека
Страници: 505


Исклучителна приказна која ја истражува сложената природа на срцето на една мајка…. Љубовникот на куртизаната магично ве привлекува, доживувајќи го раскажувањето како милозвучен шепот, како свеж ветрец и како егзотичен зачин. Читањето на оваа книга е уникатно, бидејќи ќе остане врежано засекогаш.

Насмевка со цимет

300 ден

Издавач : Култура
Формат: 13,5 х 20 см.
Страници : 404


Таа е најубавата жена во Париз…
Навидум има сè – богатство, слава и углед,
но потајно сонува за човекот на нејзиниот живот…
Виртуозна љубовна приказна, сместена во Градот на Светлината… Љубовен триаголник помеѓу еден зрел француски режисер, неговата петнаесет години помлада сопруга – македонска актерка во подем и нејзиниот поранешен сопруг, привлечен сликар од Њујорк.

Интензивен „емотивен танц“ помеѓу главните актери на романот, чудесно преплетување на нивните реминисценции од минатото, но и на комплицираните нитки на сегашноста…

Интимен психолошки дијалог кои ќе го водат самите со себе, како патоказ за одлуките кои допрва ќе треба да ги донесат.

Дали вистинската љубов сепак ќе биде посилна од сите удари на судбината?

Кога се заљубив

450 ден

Издавач: Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници: 426


Бајка која почнува со бакнеж во Њујорк. Но што се
случува кога бајката засекогаш исчезнува? Приказна за Елси Мејнард и нејзиниот
сосема нов живот за кој никогаш не сонувала дека ќе го има.

Од формирање на хор што не наликува на ниту еден друг,
во кој членува поранешната рок ѕвезда на 80-тите, Вуди Џенсен, па до сè
поголемото опирање повторно да се состанува со некого, Елси влегува во една
непозната иднина која може да го вклучи неодоливиот дизајнер Оли Хогарт, човек
кој е подготвен да го освои нејзиното срце. Елси верува дека го прави
најдоброто во нејзиниот живот и покрај престојните проблеми, предизвици и
повремените фрустрации, преточени во едно име Торин Стујарт што изгледа дека е
секаде.

Но тогаш срцепарателно барање ја води во Париз последната точка на најважната животна листа
што ја остава зад себе нејзиниот сопруг.

Ќе може ли Елси да го направи последниот чекор и да го
остави нејзиното минато зад себе? Придружете се во борбата на Елси да започне
одново, придружете се на нејзиниот татко, новоформираната група и сестра во
изнаоѓање на нова љубов во нејзиниот живот, и бидете дел од најромантичното
запросување во Градот на светлината.

Изгубени во љубовта

350 ден

Едиција САКАЈ МЕ СО ЛАГИ
Изгубени во љубовта #1
Валкано црвено #2  http://kultura.com.mk/proizvod/valkano-tsrveno/
Сакај ме со лаги #3 http://kultura.com.mk/proizvod/sakaj-me-so-lagi/
Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 294
Наслов на оригиналот Tarryn Fisher, THЕ OPPORTUNIST
Повеќе за авторот http://www.tarrynfisher.com/


Една случајна средба. Прва љубов.
Неверојатно сознание.

Можеш да сакаш само еден, до крајот…

Лажи ме, но сакај ме засекогаш. Избриши ме од сеќавања, но не и од срце. Оливија Каспен отсекогаш знаела како да добие сè што ќе посака. Сепак, сега мора грчевито да се бори за тоа што некогаш го имала. Откритието дека нејзиното поранешно момче, Кејлеб Дрејк, го изгубил своето памтење повторно ќе го растрепери нејзиното срце. Сега се поставува прашањето колку далеку е подготвена да оди за да го врати во својот живот и покрај лошата репутација која ја следи. Макотрпно се труди да го скрие својот вистински идентитет и прљавото минато. Најголемата препрека на патот на Оливија во остварување на целта е новата девојка на Кејлеб, огнената црвенокоса, Лија Смит.