Прикажување на сите 4 резултати

Пожари над Тетово

150 ден

Издавач: Култура
Година: 2001
Формат: тврда
Страници: 324


„Пожари над Тетово”, со поднаслов “Македонија и нејзините соседи”, на полскиот новинар и фоторепортер Ришард Билски, претставува избор на репортажи на авторот од 2001 до 2002 година. Во книгата се поместени записи главно од воените метежи во Македонија, објавувани во најугледниот полски дневен весник “Рзецзпосполита”, а напишани во периодот од 15 март 2001 година, до 6 август 2002 година. Авторот, Ришард Билски, е долгогодишен специјален известувач и фоторепортер од војните на бившојугословенските простори, резервен поручник и познат 40 годишен полски новинар.

VIP-новите колумни на Лелја Сабит

500 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : тврда
Страници : 277


Во нејзините ИЗЛОГ колумни секогаш го купувате тоа што Ви се продава. Без скриени фалинки, без лажни претензии, без лажна љубезност, без лицемерни четки и без извештачени додворувања или реклами. Но, секогаш културно и со восхитувачка елеганција на јазикот и зборот, изрази на нејзината природна аристократија.

Д-р Каролина Атервуд

Неостварена нација

390 ден

Издавач : Култура
Година : 2014
Формат : мека
Страници : 426


Книга на еден од ретките активни парламентарни и партиски лидери, кој на увид на јавноста и дава на преглед како тој размислувал и пишувал од 2001 па се до денес.
Пишувањето на Тито Петковски го одликуваат две димензии во неговата затскриена (внатрешна мисла) и интровертна писателска нарација. Тито Петковски пишува на едноставен јазик кој ги култивира основните теми и идеи за кои пишува во колумните, а од друга страна пишува храбро и без ракавици во контекст на зададените теми и епохата.
Уште еднаш пред судот на јавноста се ставаат неговите јавно изнесени ставови по најзначајните прашања од државниот и од општествениот развој на Република Македонија.

Крстопатите на Венко Марковски

800 ден

Издавач : Култура
Година : 2011
Формат : мека
Страници : 492


Крстопатите на Венко Марковски е составена од два дела. Првиот ден е за сознанијата за едно бурно време кога се удирале темелите насовремениот,литературниот македонски јазик. Во вториот дел се првообјавуваат оригинални творби на Венко Марковски.