View cart “ЈАС ПРЕД ТЕБЕ” has been added to your cart.

Showing 33–40 of 40 results

Исчистени души

250 ден

Издавач : Култура
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 162


Еден аманет кој под многу чудни, неочекувани околности ќе се оствари. Исполнувањето на аманетот носи нови средби и спомени од минатото, притоа полека чистејќи ги душите на членовите од двете семејства што некогаш биле тесно поврзани. Чистењето на душите од тагата, болката, открива скриена љубов што сѐ уште и после толку многу години се топли на првите искри. Сегашноста исполнета со радост, среќа, љубов, но и со верба, свесно го потиснува минатото подавајќи и рака на иднината.

Роман кој уште од првата страница ќе ве повика на одлично патување. Приказна која се чита во еден здив, но останува вечно запишана во вашата меморија.

ЖЕНА ВО СИНО

420 ден

Едиција ДОМАШНИ РАБОТИ (DOMESTIC AFFAIRS)
ЖЕНА ВО ЦРВЕНО #1
ЖЕНА ВО СИНО #2
ЖЕНА ВО ЦРНО #3 http://kultura.com.mk/proizvod/zhena-vo-tsrno/
Издавач : Култура
Година : 2016
Формат : мека
Страници : 430


Линдзи и Кери Ен се сестри кои како мали биле разделени и сместени во различни семејства на посвојување… Години подоцна тие повторно се сретнуваат каде што ќе треба да ги надминат сопствените разлики за повторно да се зближат.

Неопходни лаги

390 ден

Издавач : Култура
Година : 2016
Формат : мека
Страници : 438


Романот „Неопходни лаги” ќе Ви го украде срцето.

Книгата, која е напишана за храброста која е потребна да бидеш оној кој што треба, дури и тогаш кога општеството ти налага поинаку, е полн со откритија – како и за читачот, така и за двете храбри протагонисти. Да Ве предупредам – романот ќе Ви го украде времето потребно за други обврски – кога ќе започнете да го читате, ништо друго нема да Ви биде поважно од тоа да стигнете до крајот, од кој срцето ќе Ви затрепери.

НАСМЕВКА СО ЦИМЕТ

300 ден

Издавач : Култура
Формат: 13,5 х 20 см.
Страници : 404
Повеќе за авторот http://kultura.com.mk/avtor/katerina-serafimovska/


 

На зајдисонце

299 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници: 388


Ова е прв роман кој го прочитав, а го третира третото доба од животот на кој му припаѓам. Едноставен, лесно читлив без премногу силни и драматични случувања кои му прилегаат на овој период од животот.

Во него спонтано се преплетуваат приказните на сите јунаци се до самиот крај. Едноставно, се е отслик на реалниот живот во кој главна е љубовта како главна компонента на човековото битисување.
– Ангелина Илиевска

Бури во срцето

300 ден

Издавач : Култура
Година : 2016
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 208


Потресна приказна за жена која не ја сфатила опаснoста од пловењето на отворено море, па запловила во немирните води со пропустлив појас за спасување. Роман за копнежот на една жена
по забранетата љубов, и за мајка која по една кобна грешка останува и без децата. Една животна приказна за жена на која животот сурово и го наплатил гревот.

ЈАС ПРЕД ТЕБЕ

Rated 5.00 out of 5
450 ден

#1 ЈАС ПРЕД ТЕБЕ
#2 ПОСЛЕ ТЕБЕ http://kultura.com.mk/proizvod/posle-tebe/
Издавач: Култура
Формат: 13,5 х 20 см.
Страници: 462
Наслов на оригиналот Jojo Moyes, ME BEFORE YOU 
Повеќе за авторот https://www.jojomoyes.com/


Љубовна приказна за новата генерација.

ЈАС ПРЕД ТЕБЕ е роман за животот на двајца млади луѓе. Романтична приказна од која ќе ви се стопи срцето, но која ќе ви постави едно прашање: Што сè би направиле за љубовта на вашиот живот, знаејќи дека срцето ќе ви биде скршено?

Луиза Кларк е обична девојка што живее еден многу обичен живот – стабилен дечко, блиско семејство – кои едвај отишле подалеку од нивното мало село. Таа се вработува кај ексгосподарот на универзумот Вил Трејнор, кој е врзан за инвалидска количка по една несреќа. Наскоро неговата среќа ќе ѝ значи повеќе отколку што можеше да замисли.

Кога дознава дека Вил има шокантни планови за неговата иднина, таа ќе даде сè од себеси за да му покаже дека во животот има нешто за што сепак вреди да се живее.

Тие немаa ништо заедничко додека љубовта не им овозможи да изгубат сè. . .