Прикажување на сите 8 резултати

Попуст!

Сакај ме со лаги

350 ден 315 ден
Попуст!

ОБИДИ СЕ СО МЕНЕ

420 ден 378 ден

Издавач : Култура
Година : 2016

Попуст!

ЉУБОВНИОТ ДЕТЕКТИВ

350 ден 315 ден

Издавач : Култура
Година : 2017
Страници : 443

Попуст!

Дали често доаѓате овде

250 ден 225 ден

Издавач : Култура
Година: 2011
Формат: мека
Страници: 376


На радио оди ноќната програма проследена со љубовни песни. Додека Лутер Вандрос ја пее „Endless love“, водителот д-р Купидон чита љубовни писма.Три пријателки, Грејс, Рајан и Меги.Грејс е среќна со својот вереник Спенсер. Заедно живеат, веќе ја побара за сопруга и толку. Нема конкретен датум, нема подготовки за венчавка и Грејс почнува да се прашува дали тој е вистинскиот. Случајно дознава дека нејзината прва љубов, Џими Малик, се жени. Беа тинејџери кога Џими ѝ го скрши срцето. Една вечер случајно налетува на Џими Малик.Тој, пак, е сигурен дека ја пронашол вистинската жена со која сака да го помине животот.Но по случајната средба со Грејс, се раѓа црвот на сомнежот.

Се разгорува старата искра.Може ли да се оживее старата љубов?Рајан е самохрана мајка која сè уште го чека нејзиниот принц на бел коњ. Поминаа осумнаесет месеци откако ја напушти таткото на нејзиниот син. Таa никогаш не замислуваше дека работите ќе завршат вака. Беше преубава млада жена која наликуваше на Грејс Кели. За кратко време, со напорна работа, успеа да стане позната мејк-ап стилистка. И тогаш, го сретна Фил. Остана бремена и мислеше дека соништата ѝ се остварени.

Но еден ден, Фил ѝ призна дека се вљубил во друга жена и се отсели следниот ден. Рајан преку ноќ стана самохрана мајка. Сега купува секси долна облека, иако нема кој да ја види. Пали ароматични свеќи и не престанува да се надева.Дали д-р Купидон може да ѝ помогне?Меги е долги години со својот принц и сè уште се заљубени како и првиот ден. Првата љубов им трае цел живот. Заедно уште од тинејџерските денови, заедно и во староста. И покрај фактот што Меги има повеќе од педесет години, таа има енергија, живот и радост за животот како тинејџерка, валкан смисол за хумор и фармерки кои го оцртуваат нејзиниот задник за кој било која млада девојка може само да сонува.Прекрасен роман од перото на Александра Потер. Приказна за три жени и нивните траги-комични ситуации во потрага по она вистинското. Приказна за вистинската љубов и сомнежите околу неа, за пријателството, за нештата кои се навистина важни во животот.

Попуст!
Нема на залиха

Повикај го Ромео

250 ден 225 ден

Издавач : Култура
Година : 2012
Формат : мека
Страници : 332


Што е најлошото нешто што може да ви се случи на Денот на заљубените?

Да ве откачи долгогодишниот дечко? Да морате вечерта да ја поминете сами? Идиот во спортски автомобил да ве испрска со вода од вирче? Кога сето ова ќе се случи, Џулиет ќе помисли дека нејзиниот љубовен живот не може да биде полош. Меѓутоа, таа и не се сомнева дека работите наскоро ќе станат многу покомпликувани… Ќе се покаже дека зад воланот на спортскиот автомобил бил нејзиниот бизнис-соперник (соперник од работа). Џулиет знае дека не би требало да му се доближува, ама тоа не е лесно. Згоден, секси и потполно гламурозен, Сајкс цврсто одлучи да ја шармира и да ја преземе од нејзиниот дечко Вил. Меѓутоа, дали вреди да се ризикува? Дали на Џулиет и Сајкс им е навистина судено или нејзиниот Ромео е сепак многу поблиску до домот?

Џулиет ќе ја сфати вредноста на вистинската љубов во оваа романтична комедија, која зборува за страста, вистината и за тоа како патот до она што навистина го сакаме често е полн трње.

Нема на залиха
Попуст!

Љубовта на Стефани Плам

150 ден 135 ден

Издавач : Култура
Година : 2009
Формат : мека
Страници : 180


Ова е книга исполнета со авантура, напнатост и опис на една вистинска љубов. Ги дава следниве совети: Секогаш чувај го својот грб. Гледај во двете насоки. Се чувствува љубов во воздухот, затоа уживај се до неволји.

Попуст!

Невработена

390 ден 351 ден

Издавач : Култура
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 252


Остар, нежен и смешен, овој брилијантен роман кој е деби на Лиса Овен не е само приказ­на за животот и тоа како главната херо­и­на доаѓа до својата разрешница туку е и ро­ман кој ги поставува прашањата кои ние ни­ко­гаш не сме се осмелиле гласно да ги изговориме.

Клер Фланели ја напушти својата работа со цел да ја најде нејзината вистинска вокација – сето ова би било во ред ако Клер знаеше што бара и каде да бара, но пред сѐ таа требаше да се пронајде себеси.

Додека за сите околу неа се чинише дека нивните животи се под целосна контрола, Клер се најде себеси како тоне под притисокот на проблемите и се прашувате како успеа да не се распадне.

Попуст!

Најсреќната девојка на светот

420 ден 378 ден

Издавач : Култура
Година : 2016
Формат : мека
Страници : 350


Нејзиниот совршен живот е совршена лага!

Современа приказна за притисокот кој што многу жени го чувствуваат.. за да стигнат до врвот и сите работи кои ги прават за да го остварат својот сон.

Како тинејџерка во престижното училиште „Бредли”, Ани Фанели доживеа страшно јавно понижување. Сега, години подоцна со гламурозна работа, скапа облека и згоден вереник, таа е на чекор до совршениот живот што очајно се трудеше да го добие.

Но, Ани има тајна. Има нешто друго скриено во своето минато кое се заканува дека ќе излезе на површина.

Прашањето останува – дали ако таа прозбори ќе уништи се за кое таа силно се бореше или пак конечно ќе се ослободи?