Showing all 6 results
Слобода за Ирак
250 денИздавач: Култура
Година: 2007
Формат: мека
Страници: 319
Од јуни до декември 2003-та, триесетина припадници на Армијата на Македонија беа дел од коалициските сили кои требаше да го наметнат мирот во повоен Ирак. Тоа беа – македонските ВОЛЦИ! Кои се, како ја извршија мисијата, како го издржаа пеколното време и како ги дочуваа животите во земјата во која смртта деноноќно бдееше од сите страни, каде што крвта го топеше пустинскиот песок секој час?
Како Орсон Велс ме бркаше по улиците на Мостар
190 ден2012
мека
408
Името и делото на Коле Ангеловски е вградено во културното битие на македонскиот народ. Уметничкиот израз на Коле Ангеловски се карактеризира во три вземно-поврзани уметнички правци: како театарски и филмски актер, како театарски и филмски режисер и сценарист и како писател и раскажувач. Животниот и творечки опус на Коле Ангеловски е разновиден, динамичен и многу плоден. Тој е човекот кој го мина патот од филмски, актер во театарот, за да се определи за режијата како професија во која може да дојде до израз сета негова имагинација. Тој е уште познат и како писател, драматург, публицист и културен работник.
Анџелина Џоли
100 денИздавач: Култура
Година: 2008
Формат: мека
Страници: 215
Денес е добитничка на Оскар, на три Златни глобуси, Амбасадорка на добра волја на ООН и мајка на две посвоени и едно биолошко дете, чиј татко е холивудската ѕвезда Бред Пит. Дали Анџелина Џоли, конечно, ја најде среќата на својот живот? Оваа книга токму за ова зборува, за неповторливата појава на една актерка, за нејзините подеми и падови, за осудите, но и за преголемата глад од јавноста за секој нејзин потег, актерски, особено.
Во име на Гучи
450 денИздавач : Култура
Година : 2016
Формат : мека
Страници : 322
Во име на Гучи е книга која за кратко време се искачи високо на топ листите на најдобро раскажаните љубовни приказни. Во име на Гучи е епска приказна за љубовта и загубата, предавството и лојалноста и за периодот од шеесет години на успешно водениот бизнис на Гучи.