Прикажување 11–14 од 14 резултати

Скинат ѓердан

300 ден

Издавач : Култура
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 310


На семејната прослава на дваесет и петтата годишнина од бракот Стојан на сопругата Злата и подарува ѓердан од охридски бисери.

Среќата и хармонијата во семејството траат до оној момент кога Злата пред вратата од станот на 1-ви јануари наоѓа машко бебе оставено во кошница, го внесува бебето внатре и го буди мажот. Од глетката на Стојан му се слошува. Последните негови зборови што и ги упатува на Злата во болницата се дека бебето е негов син.

Стојан умира. Злата се онесвестува. Кога се враќа дома од болницата застанува пред огледалото и го гледа ѓерданот. Во еден момент го повлекува со раката, тој се кине, а бисерите се разлетуваат по собата.

Од тој момент започнува нејзината вистинска борба за своите четири ќерки и за синот на нејзиниот маж. Вистината за Ангел вешто ја крие од ќерките иако во меѓувреме го посвојува.

Секоја од ќерките оди по својот пат…

Но ништо не останува скриено. Кога Ангел се разболува од леукемија една од неговите полусестри донира коскена срцевина и му го спасува животот. Тогаш се излегува на виделина…

СКИНАТ ЃЕРДАН е блескав роман со емотивно силен поглед
на црно-белите патеки во животот на ликовите.

Невработена

390 ден

Издавач : Култура
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 252


Остар, нежен и смешен, овој брилијантен роман кој е деби на Лиса Овен не е само приказ­на за животот и тоа како главната херо­и­на доаѓа до својата разрешница туку е и ро­ман кој ги поставува прашањата кои ние ни­ко­гаш не сме се осмелиле гласно да ги изговориме.

Клер Фланели ја напушти својата работа со цел да ја најде нејзината вистинска вокација – сето ова би било во ред ако Клер знаеше што бара и каде да бара, но пред сѐ таа требаше да се пронајде себеси.

Додека за сите околу неа се чинише дека нивните животи се под целосна контрола, Клер се најде себеси како тоне под притисокот на проблемите и се прашувате како успеа да не се распадне.

Нема на залиха

Бури во срцето

299 ден

Издавач : Култура
Година : 2016
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 208


Потресна приказна за жена која не ја сфатила опаснoста од пловењето на отворено море, па запловила во немирните води со пропустлив појас за спасување. Роман за копнежот на една жена
по забранетата љубов, и за мајка која по една кобна грешка останува и без децата. Една животна приказна за жена на која животот сурово и го наплатил гревот.

Нема на залиха

Изгубени во љубовта

350 ден

Едиција САКАЈ МЕ СО ЛАГИ
Изгубени во љубовта #1
Валкано црвено #2  http://kultura.com.mk/proizvod/valkano-tsrveno/
Сакај ме со лаги #3 http://kultura.com.mk/proizvod/sakaj-me-so-lagi/
Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 294
Наслов на оригиналот Tarryn Fisher, THЕ OPPORTUNIST
Повеќе за авторот http://www.tarrynfisher.com/


Една случајна средба. Прва љубов.
Неверојатно сознание.

Можеш да сакаш само еден, до крајот…

Лажи ме, но сакај ме засекогаш. Избриши ме од сеќавања, но не и од срце. Оливија Каспен отсекогаш знаела како да добие сè што ќе посака. Сепак, сега мора грчевито да се бори за тоа што некогаш го имала. Откритието дека нејзиното поранешно момче, Кејлеб Дрејк, го изгубил своето памтење повторно ќе го растрепери нејзиното срце. Сега се поставува прашањето колку далеку е подготвена да оди за да го врати во својот живот и покрај лошата репутација која ја следи. Макотрпно се труди да го скрие својот вистински идентитет и прљавото минато. Најголемата препрека на патот на Оливија во остварување на целта е новата девојка на Кејлеб, огнената црвенокоса, Лија Смит.