Покрај секоја книга, доколку истата ја имаме на залиха, се наоѓа копчето ВНЕСИ ВО КОШНИЧКА, преку кое што започнувате со нарачка на книгата. Доколку книгата ја немаме на залиха, на местото на копчето внеси во кошничка ќе стои копчето ЗАЧУВАЈ ЗА ПОДОЦНА, со што книгата ќе си стои во Вашата кошничка со опис распродадено под истата, се додека повторно не излезе од печат, со што ќе можете да си ја нарачате по истата постапка. Во Вашата кошничка можете да додадете колку производи посакувате Вие, каде што под сите одбрани книги го имате вкупниот збир (износ на сума). Понатаму ќе треба да ја запишете Вашата адреса на која книгата ќе сакате да Ви биде доставена. Постои опција за промена на наведената адреса и за додавање на повеќе адреси. Кога ќе завршите со овој чекор, притиснете на копчето ДОСТАВИ НА ТАА АДРЕСА.

Во овој чекор одбирате каков тип на испорака сакате со што долу системот ја покажува одделно цената на секоја книгата која што сте ја одбрале, и посебно цената на испорака, како и цената на книгата со попуст, зависно од Вашето членство во Клубот на читатели. На крај, понудени Ви се две можности преку кои можете да платите, ПЛАТИ СО ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА и ПЛАТИ СО УПЛАТНИЦА.

Доколку ја изберете опцијата ПЛАТИ СО ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА, Ви се отвара поле каде што ги внесувате Вашите податоци од електронската картичка. Кога ќе завршите внесувањето на податоците, ја потврдувате Вашата нарачка преку копчето ПОТВРДИ, или доколку сакате нешто дополнително да промените, преку копчето ОТКАЖИ. Доколку ја изберете опцијата ПЛАТИ СО УПЛАТНИЦА, системот автоматски Ви генерира еден вид уплатница во која се наоѓаат податоците со кои ќе треба да ја извршите уплатата. Нарачката ја потврдувате преку копчето РЕЗЕРВИРАЈ, со што системот на Вашата мејл адреса Ви доставува потврда за направена нарачка. Со кликање на копчето РЕЗЕРВИРАЈ Вашата нарачка ќе биде резервирана во наредните 3 работни дена. Во овој период ќе треба да извршите уплата со општа уплатница, и потоа на Вашиот мејл ќе добиете потврда за направена уплата.