КУЛТУРА А.Д. Скопје има склучено договор за соработка со компанијата КАРГО ЕКСПРЕС за дистрибуција на пратки и пошта. Нарачаните производи ќе ви бидат доставени со испратница, a електронската фактура за извршеното плаќање ќе ја имате веќе добиено по електронска пошта. Купените производи ќе Ви бидат доставени до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака (доколку имате бесплатна испорака, книгите ги подигнувате од Карго службата во Вашиот град). Трошоците за испорака се пресметуваат според одбраниот начин на плаќање, и во зависност од моментални акции или промоции на КУЛТУРА А.Д. Скопје. Динамиката на испорака ќе зависи од начинот на испорака кој сте го избрале.


За испорака во Северна Македонија:

Во моментот е активна промоција за БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА за нарачки со цена над 2000 денари. Бесплатната испораката се врши со Карго службата и книгите ги подигнувате од нивното претставништво во Вашиот град. Доколку порачаниот производ не може да Ви биде испорачан од наша страна, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои ги имате доставено при регистрацијата. Ве молиме внесете и Ваш телефонски број. Истиот единствено би бил користен за координирање на испорака на книгите при купување.
ИСПОРАКА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:

  • Вид на испорака: КАРГО ЕКСПРЕС
  • Цена на испорака: 150 ден.
  • Рок на испорака: 3-5 работни дена од денот на испраќање на нарачката од наша страна

Трошоците за испорака на нарачката ќе бидат јасно претставени, издвоени и лесно видливи во однос на цената на производот. Збирот на овие две цени (цена на производ и цена на услугата – испорака) ќе биде исто така јасно истакнат и назначен.


Забелешка за пратките за странство:
КУЛТУРА А.Д. Скопје не испорачува пратки надвор од Република Северна Македонија. Во случај на нарачка преку нашиот систем, примачот на пратката (надвор од РСМ) е увозник и мора да ги почитува сите закони и прописи на земјата на испорака. Нарачките, коишто се испраќаат во странство може да бидат предмет на увозни давачки, царини, даноци и такси од страна на земјата назначена за испорака. Дополнителните трошоци за царинење ќе бидат на товар на примателот. КУЛТУРА А.Д. Скопје нема контрола над овие давачки и не може да предвиди колкави би биле истите. Царинските политики варираат во голема мера од земја до земја. Ве молиме контактирајте ја вашата локална царинска испостава за дополнителни информации.