Телефон: +389 2 3296 - 763

Џеронимо и Теа Стилтон се брат и сестра, и тие се омилените ликови на децата. 

Италијанската цртана серија која ги раскажува авантурите, згодите и незгодите на глувчињата, раскажани преку главните ликови Џеронимо и Теа Стилтон.

Едукативни, забавни, возбудливи, ова се сликовници кои треба да бидат присутни во секое детско катче. Едицијата Стилтон можете да ја најдете во книжарницата Култура, а таа се состои од многу изданија во кои се сочниети авантурите на Џеронимо Стилтон. Ново во Култура се авантурите на Теа Стилтон, формирањето на сестринството Теа и уште многу забавни приказни, кои се одлично збогатување на едицијата.

Но кој е Џеронимо Стилтон?  Тој е роден во Глувчево (Oстровот на Глувците), дипломирал Глувчологија на глодарската книжевност и Компаративна археоглувчешка филозофија. Раководи со Глувчеви Вести, најпознатиот весник на Островот на Глувците. Има добиено многу признанија, меѓу кои и наградата Глувцингер за делото „Тајната на исчезнатото богатство“. Неговите книги, преведени на 37 јазици, продадени се во повеќе од 20 милиони примероци са мо во Италија, а преку 40 милиони во целиот свет! Добитник е на наградите „Андерсен“ за лик на годината (2001 година) и наградата за „Најдобра Е-книга за деца“ (2002 година).

 

Да ја запознаеме и Теа.

Теа е многу интересна девојка! Сигурна и сериозна, работи како специјален репортер за „Глувчеви вести“. Секогаш е во потрага по интересни вести и е подготвена да оди на авантуристички патувања од кои се враќа со сензационални статии и фотографии. Таа е брилијантна и секогаш подготвена да им помогне на другите. Теа е одличен пријател на другите глувчиња, но нејзината најистакната особина е женската солидарност! Сестринството Теа брои пет членови, студенти од колеџот Глушфорд на Островот на китовите. Тие се палави, забавни и сакаат да станат вистинити репортери! Меѓу лекциите и пријателствата, љубовта и слатката завидливост, животот на колеџ е навистина возбудлив!

 

 

Оваа Година во Глушфорд се одржува престижниот натпревар „Глувци за наука“. Сестринството „Теа“ учествуваат со по себен автомобил, но ќе мора да внимаваат на девојките од „Ванила“, кои прават сè за да ги саботираат! Само утре, специјални цени на цела едиција Стилтон! 💗 #ВоСветотНаКнигите #култура #книги #Стилтон #ЏеронимоСтилтон #ТеаСтилтон #ипкултура #ipkultura #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонанеделата #фотонаденот #фото #vscobalkan #vscocam #ig_tones #igers #vscomacedonia #vscoskopje #vsco #book #bookstagram #booklover

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on

Теа Стилтон од неодамна се најде на полиците во книжарниците Култура и во домовите на многу среќни дечкиња, а од денес уште двне нови изданија за аванурите на сестринството Теа можете да најдете преведени на македонски јазик. „Повеќе од пријателки…сестри“ е вистинската приказна за Колет, Памела, Ники, Виолет и Паулина и создавањето на сестринството „Теа“, а „Супер таен проект“ е приказна за престижниот натпревар „Глувци за наука“ каде сестринството „Теа“ учествуваат со посебен автомобил, но ќе мора да внимаваат на девојките од „Ванила“, кои прават сè за да ги саботираат!
 
Само денес, во книжарницата Култура ќе можете да се купат изданијата од едицијата Стилтон по специјални цени. Побрзајте и донесете насмевка на детското лице со овие забавни сликовници.
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X