Телефон: +389 2 3296 - 763
fb knigi

Денес во Охрид се отвора јубилејниот 50. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура и 44. Меѓународна научна конференција, во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На Меѓународниот семинар ќе учствуваат истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и Меѓународна научна конференција ќе се одржува до 2 јули во Конгресниот центар во Охрид на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

ИП Култура зема учество на семинарот како поддржувач на развојот и одржување на македонскиот јазик. Во склоп на Семинарот ќе биде претставена публикацијата ПРАВОПИС НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК (второ издание), во издание на Институт за македонски јазик „КРСТЕ МИСИРКОВ“ – СКОПЈЕ и книгоиздателството „КУЛТУРА“ АД – СКОПЈЕ.
fb knigi

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *