Прикажување еден резултат

Странец во ноќта

350 ден

Издавач : Култура
Година : 2014
Формат : мека
Страници : 331


Додека часовникот отчукува полноќ, возот чека на споредниот колосек веднаш над Кале. Месечината светка на темниот свод, а во вагоните нема ништо освен духовите на патниците обвиени со облачиња парфем. Нежните звуци на клавирот се распрскуваат во  ноќта. Тоа е место на кое се одиграле илјадници приказни: за љубовта и надежта, страста и лелеците на срцата, за помирувањата
и разделбите.

По неколку часа немите вагони одеднаш ќе оживеат и возот ќе биде подготвен за ново патување. Растреперените патници чекаат на перонот иако никој не може да каже дали е така поради свежиот воздух или поради возбудата што наскоро ќе се качат на најпрочуениот воз на светот. Во тие таинствени ноќи на легендарното патување од Лондон до Венеција, со куфери полни со емоции, сништа и надежи, се среќаваат двајца странци, се испреплетуваат разни судбини, се раѓа нова љубовна приказна…

По првите голтки шампањско, додека возот ги води патниците низ пејзажите од кои застанува здивот, ова животно патување ќе  разоткрие многу тајни, ќе ги донесе најромантичните моменти, неочекуван предпог за брак, ветување на пријателот на смртната постела, мистериозна порака, тајно враќање во минатото…

Приказните на овие туѓинци едвај чекаат да бидат раскажани…