Прикажување еден резултат

Бидете добар родител

250 ден

Издавач : Култура
Година : 2014
Формат : мека
Страници : 94


Оваа книга носи мала колекција на игри за семејство и игри кои се однесуваат на семејството. Тие се наменети за возрасните кои поради грижата за децата, парите, работата, државата заборавиле да мислат на себе, да ги наслушнуваат своите чувства и својот внатрешен глас.
Оваа книга ја движат неколку клучни прашања:
1. Како да се избориме со рутинските активности кои не заморуваат, кои непрестајно ни ги наметнува секојдневието?
2. Како да создадеме услови во семејството кои ќе бидат благотворни за семејството?
3. Како да излеземе на крај со лошите чувства и конфликти кои неминовно се јавуваат во семејниот живот?
4. Како да ги препознаеме своите вистински потреби и потребите на своите деца во секојдневниот живот?
5.Како да научиме да разговараме со своите деца такашто навистина ќе се слушаме едни со други – без меѓусебно загрозување и отфрлање?
6. Како семејството да стане место на кое секој член ќе може да добие заштита, инспирација и поддршка?