Прикажување на сите 2 резултати

Попуст!

Клуб на прељубници

400 ден 360 ден

Издавач : Култура
Година : 2014
Формат : мека
Страници : 370


Овој роман би требало да има предупредување „Не ја земајте во раце ако имате работа“. Тес Стимсон се надмина себеси со овој роман.

Тес Стимсон повторно ни носи супериорна приказна за аморалот и страста. Одличен роман кој ќе предизвика дебата за неверството во вашето друштво, роман што ќе ве натера да изберете страна.

Николас е грижлив сопруг – згоден адвокат за бракоразводни парници кој ја обожава својата жена и трите ќерки. Сара Каплан е совршена заводничка – сексипилна млада адвокатка која е уморна да биде осамена. Малинче Лион е совршена сопруга – и понатаму убава, писателка на популарни готвачи и мајка на три прекрасни ќерки.

Николас кој е луд по својата жена, сосема неочекувано започнува да мечтае по Сара. Таа почнува да кокетира и да си подигрува со него, а Малинче почнува да се соочува со сопствените предизвици. Од скапите лондонски клубови до живописните англиски предели во внатрешноста, тоа што започнало како моментална физичка привлечност
сега во целост излегува од контрола. Некогаш среќно оженет човек и две сосема различни жени ќе дознаат како е кога ќе се исполнат најсмелите желби и кога секој од нив ќе го добие она што го заслужува.

Ова е неверојатно искрена приказна полна со емоции.

Попуст!

Во канџите на неверството

400 ден 360 ден

Издавач : Култура
Година : 2014
Формат : мека
Страници : 360


Интригантна приказна за Ела Стујарт, која макотрпно се труди да постигне совршена рамнотежа помеѓу својата брзо растечка кариера како педијатар, шармантниот сопруг и страстниот љубовник. Роман за шест љубовници, две афери и едно предавство, исполнет со животни случки погодени од љубовта, желбата, страста, копнежот, а над сè чесноста.

Дали Ела ќе успее да излезе од вртлогот на неверството? Дали загубата ќе ја натера да се откаже од единствената љубов во име на бракот? Дали семејните врски ќе преовладуваат над нескротливата страст…