Прикажување еден резултат

Попуст!

Никој не знае за нас

299 ден 269 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат: мека
Страници : 250


Сите сме тука.

Секоја со својот помалку или повеќе видлив трофеј и со здравствениот картон во рака. Сите сме наредени во ред како кога на училиште чекавме наставникот да го изусти нашето име. Една чита списание, со нејасен израз на лицето како нешто чудно да ѝ се врти низ главата. Друга пак, седи со наведната глава и скрстени раце, прилично нервозна. Се чинеше како позади онаа врата со пастелна боја да има радиокативно зрачење. Лоренцо го нема повеќе. Во оваа куќа нема никогаш повеќе да живее, и неговата соба ќе остане затворена уште кој знае колку време. Побарав од Пјетро да не преместува ништо, да ја остави секоја работа на свое место. Утрово треба да станам од кревет и да го убедам мојот мозок, да го научам дека можеби треба да научи да живее со реалноста на ова отсуство. Авторката Симона Спарако не води низ една класична животна приказна во која се потврдува фактот дека големината на човекот не е во тоа колку пати ќе падне, туку во тоа колку брзо ќе успее да се исправи и продолжи понатаму.