Прикажување еден резултат

Попуст!

Добро утро Јаков

350 ден 315 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 218


…Но сега стоеше над безживотното тело на човекот

што го сметаше за свој втор татко. Се избезуми кога го откри телото на Претседателот пред влезот на тоалетот. На тој мал простор имаше расфрлено крпи, средства за хигиена, машинка за бричење, четкичка за заби.

– Што, што се случило? – викаше Јаков.
Го повика колегите, брза помош, полиција… Седеше на подот, во близина на телото и одвреме-навреме си ги бришеше солзите. Не го тргаше погледот од телото на Претседателот…
– Умрев и јас – повторуваше. – Умрев и јас…
Низа возбудливи настани над црвената линија на моќта и на очајот. Претставници на политичка моќ, и оние другите, контролирани, водени и заведувани од неа. Да се заземе филозофски став или да се искористи правото на активен пристап кон злото лоцирано во политиката. Дејството не води кон сознанието дека хероите и херојството не одумреле и не умираат секогаш.
Романот “Добро утро Јаков” на Санта Аргирова, во веќе препознатливиот жанр, политички трилер, ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Уште едно возбудливо четиво кое говори за духот на времето во кое живееме.