Прикажување еден резултат

Попуст!

Здивот на скандалот

450 ден 405 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 586


Единствена нејзина опсесија сега е бегството, а желбата за одмазда е посилна од волјата да се преживее… Облаците плачеа за неа. Маглата што се спушташе повремено во текот на целиот ден се претвори во мизерен дожд. Можеше да биде мртва, колку и жива. Но не, тоа не беше целата вистина.
Во една дождлива и топла ноќ некаде на Југот, Џејд Спери го вкуси најлошиот кошмар што може да го снајде еден млад живот. Оттргната од безгрижните младешки идеали и женски сни, бега што подалеку од спомените. Но никогаш не успева да го заборави далечниот и заспан град во кој владее една богата фамилија. Ниту, пак, го заборави нивниот разгален син, кој заедно со двајца свои пријатели го промени нејзиниот живот засекогаш.
И долги години по преживеаниот брутален напад, Џејд макотрпно се труди да се ослободи од опсесивниот страв. Борејќи се со своите емоции – болката за изгубената прва љубов, тагата, недовербата и гордоста – таа е решена еден ден да се врати и да наплати за секоја пролеана солза, но и да го открие велот од ледени емоции под кој и понатаму чука човечко срце, подготвено повторно да сака…