Прикажување на сите 3 резултати

Попуст!

Великанот

450 ден 405 ден

Издавач : Култура
Година 2015
Страници : 361

Попуст!

Патот на свилата

490 ден 441 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 578


Витез од редот на Темпларите. Патување на крајот на светот. Сојуз кој може да ја смени историјата. 1260 година. Жосран Саразини е човек со тажна душа, витез од редот Темплари кој го прогонува срамно минато и кој бара спасение во опасниот крстоносен поход, патувањето од Палестина до Занаду – престолнината на Монголското царство, за да пронајде сојузник против Сарацените на дворот на легендарниот Кублај-кан. Но, наместо тоа, тој наоѓа утеха во принцезата-воин, убавата и нескротлива Кутелун, припадник на варварското племе Татарки од монголските степи. Иако нивниот сојуз навидум е невозможен, принцезата во Жосран ќе го пронајде она коешто не може да го пронајде кај никого од нејзиното племе. Додека го вејат пустинските ветришта, го прогонуваат ордите на Сарацените и го мачи страста која не може да ја скроти, Жосран мора да ја напушти Кутелун ако сака да го доврши своето патување и да ја спаси својата душа. Патот не може да го замисли полош, бидејќи патува со Вилијам, домениканец кој е опседнат од религиски занес, а чиј живот се заколнал дека ќе го чува. Меѓутоа, најлошо од сè е што, кога ќе стигне во Занаду започнува граѓанската војна.

Попуст!
Нема на залиха

Анастасија

399 ден 359 ден

Издавач : Култура
Формат : мека
Страници : 400


Русинката Анастасија Романова потсетува на принцезата со исто име, за која се зборува дека успеала да ги преживее ужасите на кои било подложено кралското семејство. Судбината на најмладата ќерка на кралот е една од најголемите мистерии на тој период…
Сепак, хероината на приказната Анастасија е заразена од амнезија и не се сеќава на ништо пред да пристигне во Шангај. Потрагата за вистинскиот идентитет на Анастасија ќе ги поведе во авантура од улиците на Шангај, до декадентниот предвоен Берлин, од занесниот Лондон, каде што владее нова генерација на убавици кои слушаат џез и играат Чарлстон, до темната завеса позади која се крие револуционерната Русија – па се до магичниот Њујорк непосредно пред падот на берзата. Мајкл е единствениот човек кој некогаш и помогнал на Анастасија а за возврат не побарал ништо – но, дали е тоа вистинска љубов и е доволна причина да се откаже од можноста да живее како принцеза?
Сместен во турбулентно романтичните дваесетти години од минатиот век, овој раскошен роман ни ја дава приказната за едно убиство и предавство, кралските скандали и интриги – но, и најубавата љубовна приказна која што некогаш била раскажана.

Нема на залиха