Прикажување на сите 4 резултати

После тебе

450 ден

Издавач : Култура
Година : 2016
Страници : 430 стр.

Последното љубовно писмо

350 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 265


Новинарката Ели истражува материјал за наредната своја репортажа и се сомнева дека меѓу старите новински натписи ќе најде нешто интересно. Сепак, откривањето на едно писмо од 1960 година во кое еден маж, бара од саканата да го напушти сопругот, таа наеднаш ќе се најде во средина на една мистериозна љубовна врска од минатото, која неизбежно ја потсетува на нејзините љубовни проблеми.

Во 1960 година, Џенифер се буди во болница по доживеаната сообраќајна несреќа и не се сеќава на ништо: на сопругот, на пријателите, па дури и на сопствениот живот. Сепак, кога ќе се врати дома, ќе најде едно скриено писмо и ќе почне да се потсеќа на љубовникот за кого била решена сè да стави на коцка.

Приказните на Ели и Џенифер за страста, прељубата и загубата се испреплетени длабоко во овој роман кој никого не го остава рамнодушен.

Љубовникот

350 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 282


Четириесет години подоцна, Ели Хејворт открива писмо во Архивата на новинската куќа и е вовлечена во потрагата по разоткривање на двајца љубовници – Џени-фер Стирлинг и анонимниот г-дин Б. Испишувањето на страниците со случки од мина-тото и од сегашноста Џоџо Мојес го користи за да создаде тензија и претпоставка, не обезбедувајќи одговори сè до самиот крај на романот.
Дали Џоџо Мојес конечно дава одговор на праша-њето: Кој е анонимниот љубовник со потпис „Б“?
Ова е роман што нема да ве остави рамнодушни, одлично напишан, исполнет со неколку драгоцени љу-бовни писма, што може да се најдат во сечиј личен дневник. „Љубовникот“ е повеќе од љубовна приказна, тој е четиво во кое секој ќе се пронајде.

Јас пред тебе

5 од 5
450 ден

Издавач: Култура
Формат: 13,5 х 20 см.
Страници: 462


Љубовна приказна за новата генерација.

ЈАС ПРЕД ТЕБЕ е роман за животот на двајца млади луѓе. Романтична приказна од која ќе ви се стопи срцето, но која ќе ви постави едно прашање: Што сè би направиле за љубовта на вашиот живот, знаејќи дека срцето ќе ви биде скршено?

Луиза Кларк е обична девојка што живее еден многу обичен живот – стабилен дечко, блиско семејство – кои едвај отишле подалеку од нивното мало село. Таа се вработува кај ексгосподарот на универзумот Вил Трејнор, кој е врзан за инвалидска количка по една несреќа. Наскоро неговата среќа ќе ѝ значи повеќе отколку што можеше да замисли.

Кога дознава дека Вил има шокантни планови за неговата иднина, таа ќе даде сè од себеси за да му покаже дека во животот има нешто за што сепак вреди да се живее.

Тие немаa ништо заедничко додека љубовта не им овозможи да изгубат сè. . .