Прикажување еден резултат

Попуст!

Како да ги унапредите своите преговарачки вештини

250 ден 225 ден

Издавач : Култура
Година : 2014
Формат : мека
Страници : 161


Нашиот образовен систем не учи на сè и сештоод тоа колку крави има во Швајцарија до тоа колкаво е производството на јаглен во Чиле, само не она што ни е најпотребно во секојдневниот приватен и деловен живот – комуникациските и преговарачките вештини. А тогаш, кога ќе увидиме дека не сме најдобри во тоа, мирно го прифаќаме фактот дека сме од Балканот и дека е тоа така и дека не може поинаку да биде. Најверојатно затоа и досега немало многу книги со оваа тематика на овие простори, книга од наши автори. Оваа книга е чекор напред на наш човек кој во себе носи енергија која може да промени и поединец и општество. Во неа нема агресивност. Преговарањето се претставува како вештина, како витешка карактеристика, со целосно почитување на потребата и желбата на другата страна. Напишана е на современ, разбирлив јазик и јазик полн со лични искуства и доживувања. Немам дилема дека авторот на книгата добро знае за што пишува и дека во тоа е многу добар. Сосема сум сигурна дека и јас во мојата менаџерска работа ќе имам корист од оваа мотивациска книга и дека ќе ги унапредам своите комуникациски вештини, а со самото тоа и деловното работење на својата фирма.