Телефон: +389 2 3296 - 763

Неодамна излезе „Потекло“, новото дело на Ден Браун, кое светската јавност и верните читатели го очекуваа долго време. Кај нас пристигнува наскоро. Во издание на Култура ќе можеме да ја прочитаме новата приказна на Браун на македонски јазик.

Додека новото дело ни дојде во раце, што треба да знаеме за „Потекло“?

Најголемиот дел од романите на Браун се сведуваат на најпопуларниот негов лик, Роберт Лангдон, за кој треба да знаете неколку клучни работи пред да го прочитате романот.

Романот се одвива во четири различни градови во Шпанија

Barcelona-Time-Travel-1

Лангдон голем дел од својата кариера го поминал во Париз, Рим, во Вашингтон, а исто така патува и во четири градови во Шпанија, кои  нудат можност за раскажување на различна приказна. Заплетот започнува во музејот Гугенхајм во Билбао, каде што Лангдон присуствува на настан што најавува почеток на нова технологија. Потоа, Лангдон патува во Севиља, Барселона и во Мадрид.

Некои од главните актери се новодојдени во светот на Лангдон

maxresdefault-1

„Потекло“ ги претставува пријателите и непријателите на Лангдон.  Романот започнува со шокантното откритие на милијардерот Едмонд Кирш, кое би предизвикало радикални промени во светот каков што го познаваме.

Браун се фокусира на современата, а не на античката уметност.

За разлика од претходните книги, каде Лангдон ги открива тајните на античките и ренесансните ремек-дела, во „Потекло“, тој се фокусира на современата технологија, наука и уметноста.

Фактите ја оценуваат приказната

MV5BMWJhZmM0MjUtMWM5MC00NDZmLTg2OTgtZjM3YzY5OTEyNDI0XkEyXkFqcGdeQXVyMjMxMDgyNzU-._V1_-1-1

Со оглед на тоа дека во сериите на Браун има многу историја, тој ангажирал да се направи проверка на фактите, за да се осигура дека сѐ што е споменато е точно и вистинито.

„Земено во предвид дека ми се потребни години за сите факти кои ги содржат моите книги, проверувачите на фактите би имале ужасно тешка задача да проверат сѐ што содржи моето дело. Ми кажуваат дека е навистина забавно да се учи за егзотични локации и езотеричната историја. А проверувачите на факти се многу вешти и секогаш ловат ситници кои јас не сум ги забележал.“

Критичарите се согласуваат – новата книга ќе ги задоволи фановите на сериитеMV5BOTIyMTgxMDMyM15BMl5BanBnXkFtZTgwMzMwNjU0MDI@._V1_SX1500_CR001500999_AL_

„Лојалните обожаватели на  Роберт Лангдон сигурно ќе бидат воодушевени од петтата книга во серијата“ – пишува Њујорк тајмс. Читателите во него ќе најдат големи идеи и непрекинато дејство, така што оние кои не се воодушевени од ерудицијата можат да најдат олеснување во заговорот и обратно.

Том Хенкс би можел да се врати во улогата на Роберт Лангдон 

MV5BMjI0NjAzMzE4NV5BMl5BanBnXkFtZTgwMDUwNjU0MDI@._V1_SX1500_CR001500999_AL_

Актерот Том Хенкс глумеше како Лангдон во три филмови врз основа на книгите на Браун: „Кодот на Да Винчи“ во 2006 година, „Ангели и демони“ во 2009 година, и „Пеколот“ во 2016 година. Постои можност, Том Хенкс да ја повтори улогата на Лангдон во филмската верзија на „Потекло“.

1 comment

  1. Gi imam procitano site knigi od avtorot i mozam da kazam deka se sovrseni. Steta sto nasite pisateli ne go iskoristat toa pisuvanje za da bidat uspesni.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X