Телефон: +389 2 3296 - 763

Ако носиш нешто неизречено,
нешто што те притиска и пече,
закопај го во длабока тишина ,
тишината сама ќе го рече.
                                                  Тишина – Ацо Шопов

21 МАРТ – СВЕТСКИ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА!
Во 1990 година, во Париз, УНЕСКО го прогласува 21 март за Светски ден на поезијата. Една од главните цели на Денот е да поддржи лингвистички диверзитет преку поетско изразување и да им понуди можност за ширење на загрозените јазици надвор од нивното општество. Во време на јазична доминација, неопходно е сите живи јазици да најдат еднаква застапеност.

Неколку интересни факти во врска со поезијата:
– Најстара поема е Епот за Гилгамеш, кој датира околу 4000 години пред н.е.
– Махабхарата е најдолгата поема која во содржи околу  1 800 000 зборови.
– Поезијата во античко време била рецитирана пред публика.
– Најпознатата поетска збирка на македонски јазик е „Бели мугри“ од Коста Солев Рацин.

Убавиот пишан збор, емоциите претопени во поезија живеат и денес во некое катче на човековите души.
Од новите генерации македонски поети, го издвојуваме Митко Апостолов со поетското дело „Тело одречено од пливање“, добитник на Антологија на болката, Рацинови средби 2017.

Ако не можеш да ме сакаш
онаков каков што сум добар
и прекрасен во сите свои мани,
не мораш да ме сакаш до крај.
Сакај само половина од подобрата лоша
половина од мене.
Тоа е сосем доволно.
                                          Четвртина – Митко Апостолов

http://kultura.com.mk/proizvod/telo-odrecheno-od-plivane/

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X